Некогашниот возач и шампион од редовите на Мерцедес, Нико Розберг, смета дека Макс Верстапен е далеку поквалитетен возач од Луис Хамилтон, неговиот некогашен колега со кој не беше баш во најдобри односи.
Верстапен оваа сезона навистина за волја на вистината вози перфектно и нанижа неколку победи, со што покажа дека во него има возачка суштина и веројатно шампионски материјал за иднинте сезони.
„Сметам дека Верстапен е далеку пред Хамилтон, доколку Макс вози во Мерцедес. Тој одработи одлична сезона, па сметам дека овој период е најдобар возач“, констатира Германецот.
Тој се надоврза на тоа дека Верстапен веројатно ги вози најлудите трки во кариерата.
„Вози неверојатно и возбудливо, едноставно е перфектен. Сите се со него кога тој се бори во трка. Сакам да го гледам, затоа што неговите возења се луди и неверојатни“, се надоврза Розберг.