Роси за „воената зона“ околу неговото родно место и цела Италија, но и за можното повлекување

Легендата на мотоциклизмот и МОТО ГП шампионатот, Валентино Роси, зборуваше околу моменталната ситуација со Корона вирусот и одложување на почетокот на новата МОТО ГП сезона, која требаше да биде промовирана наскоро.

Росни прво зборуваше за ситуацијата во неговото родно место Тавули, каде моментално во изолација.

„Овде во Тавули ситуацијата е тешка, за жал многу луѓе се болни и овде и во Пезара. Мора да се држиме по прописите на Владата доколку сакаме ова да помине. Навиваме за луѓето во Бергамо и Бреша. Гледав многу лоши моменти, овде изгледаме како воена зона. Имам многу пријатели таму и сега јас сум во улога на навивач за нив, додека се борат со болеста. Дома тренирам и се обидувам да останам фит“.

Роси на кратко прокоментира и за неговото евентуално повлекување.

Сфативме дека нема да има трки пред заминувањето за Катар, тоа ми ги расипа плановите затоа што мислевме дека може да бидеме на патеките. Делува дека ова долго ќе трае, одложено е ЕП. Што се однесува до мојата одлука за повлекување, таа се одложува ќе видиме до кога. Би сакал да видам колку сум конкурентен на првите трки, тоа ќе биде важно“, истакна Роси.