Роси: Имав понуда на маса од Ферари!

Еден од најголемите возачи во историјата на мотоциклизмот, Валентино Роси, признава дека далечната 2006 година бил на чекор од премин во Формула 1.

Италијанецот имал спектакуларна понуда на маса од Ферари, размислувал долго и на крајот одлучил сепак да не прави импровизации и да се задржи на местото каде е неприкосновен крал.

Во февруари 2006 година бев на тестирање во Валенсија. Седнавме на маса и прашав што се очекува од мене. Програмата беше сериозна, но сигурно не би бил веднаш во Ферари, не би бил веднаш прв возач во тимот, односно би бил прво тест возач, а потоа би дошол во тимот, меѓутоа го одбив тоа“, открива Роси.

Седумкратниот возач во февруари полни 41 година, но се уште вози и не планира да престане да се трка се додека го служи телото.