Роналдо вечерва одби да го изведе пеналот – причината засекогаш ќе ви го смени мислењето за него

Ал Наср беше домаќин на Абха во Ријад во натпреварот од 21. коло на саудиската Премиер лига, и победи со 2:1.

Потешко од очекуваното, фудбалерите на Ал Наср остварија нова победа. Воопшто не беше лесно, но трите бода се тука и тоа е најважно за нив сега.

На гостите од ВАР во седмата минута и беше поништен пенал, но ниту технологијата не му помага на Ал Наср 20-ина минути подоцна откако Адам ја смести топката во мрежата за 0:1.

Нервозата навлезе во редовите на домашните, кои постојано напаѓаа, создаваа шанси, но без реална реализација.

Кога тоа не беше можно од игра, тоа се случи од прекинот благодарение на тоа што го имаат еден од најдобрите играчи во светот – Кристијано Роналдо. Во 79. минута од слободен удар и од голема далечина погоди спектакуларно за 1:1.

Потоа гостите останаа со играч помалку бидејќи Ал Судани доби втор жолт картон, а во 86. минута Ал Наср го постигна вториот гол, комплетен пресврт и победа.

Беше досуден пенал и секако сите очекуваа Роналдо да ја преземе одговорноста. Сепак, поранешниот играч на Манчестер Јунајтед, Јувентус и Реал Мадрид му ја подари топката на Талиска, кој погоди за 2:1.

Со овој гол Талиска стигна до број 14 и сега е само гол зад Хамдала, Мароканецот кој настапува за лидерот Ал-Итихад. Роналдо покажа колку навистина е несебичен и му помогна на Бразилецот да ја продолжи борбата за титулата најдобар стрелец на првенството.

Иако подоцна дојде во лигата, ни Роналдо не е далеку. Сега има девет гола и две асистенции.