Роналдо си купи „уникат“ во Маранело: Сумата на новиот автомобил е пеколна

Деновиве се појави фотографија на социјалните мрежи од фудбалерот на Јувентус, Кристијано Роналдо, како позира со болидот на Ферари и двајцата возачи на тимот од Маранело, Шарл Леклер и Карлос Саинц.

Првично не беше позната причината за оваа фотографија, но потоа дојде информација од Маранело дека Роналдо всушност бил на авто-мото шопинг во овој дел од Италија.

Со оглед на тоа дека Андреа Ањели има удел и во Ферари, разбирливо е присуството на Роналдо во Маранело, но тој попатно успеал и да потроши некое милионче.

Се верува дека Роналдо успеал да испазари нов луксузен автомобил за своја потреба, вреден 1.6 милиони евра, со некој од моделите на Ферари.

Медиумите брифираат дека Роналдо веќе го избрал моделот Ферари Монца, кој го има во одредени количини и со посебна нарачка претходно.