Роналдо проговори за називот „вистинскиот Роналдо“ и се осврна на Модриќ: Се знае зошто ја освои „Златната топка“

Еден од најдобрите напаѓачи на сите времиња Луис Назарио да Лима Роналдо даде интересно интервју за „Газета дело Спорт“ во кое меѓу останатото зборуваше за разликата помеѓу него и Кристијано Роналдо.

Вечерва на распоредот е големото дерби на Италија помеѓу Јувентус и Интер во Торино, а по тој повод „Газета дело Спорт“ го контактираше „вистинскиот Роналдо“ кој на почетокот од разговорот меѓу останатото истакна дека секогаш му било забавно да чуе дека луѓето го нарекуваат така.

„Јас сум вистинскиот Роналдо? Тоа ме забавува, но нема никаква смисла. Јас и Кристијано сме сосема различни. Девет години е разликата во периодот кога јас играв во Италија и Кристијано. Фудбалот се промени и се менува се побрзо и побрзо. Јас во Италија пристигнав кога имав 20 години откако освоив нешто со ПСВ и Барселона, но не се. Се уште морав да се докажувам дека сум шампион. Од друга страна, Кристијано дојде со 33 години како вистински шампион и играч кој зад себе има илјада победи“, изјави Роналдо.

Исто така, тој се осврна и на „Златната топка“ која за оваа година ја освои Лука Модриќ.

Тоа многу зависи од резултатите на Светското првенство. Во Русија, Хрватска отиде подалеку од Португалија. Јас Златната топка во 2002 ја освоив благодарение на Светското првенство, но токму поради тоа онаа од 1997. година има поголемо значење за мене. Освоив нешто со Барселона тогаш, но секогаш ја сметав за лично признание“, додаде Бразилецот.

Тој го прокоментира и вечерашниот дуел меѓу Јувентус и Интер.

„Нероазурите се враќаат малку по малку. „Санинг“ групацијата е слична на Морати, имаат еднаква желба за победи. Интер мора мечот во Торино да го одигра храбро бидејќи тоа е еден од оние натпревари кои ви дава поголема сила отколку што се трите бода и позицијата на табелата. Иако не постои реална шанса за Скудетото кога е Интер во прашање, победувањето во важни натпревари го потврдува растот на клубот“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(ВИДЕО) Реванш за минатата сезона: Драгон преку Тиверија до Куп титула

Иако е крај на сезоната – еден фудбалер на Јунајтед остана да тренира и понатаму: На одмор ќе оди со личен тренер

(ФОТО) Фотката од финалето на Купот на Србија го обиколи цел свет

Арсенал наскоро ќе го претстави првото засилување, а навивачите се огорчени

„Ѓаволите“ разоткриени: Ова е првиот неуспех на Јунајтед во летниот преоден рок

Како ќе изгледа составот на Аргентина на Копа Америка по фијаското на Мундијалот?

Во Сити се изнервираа: Престанете со лагите!

Како изгледа патувањето до Баку за Англичаните: Осум дена, четири лета, 24 часа со воз…

Ништо не се знае во ПСЖ – ни дали ќе останат Мбапе и Нејмар!