Португалскиот репрезентативец Кристијано Роналдо повторно ќе мора да оди на судење поради обвинение за силување.
Според објавените информации во медиумите станува збор за случај кој бил отфрлен минатата година. Кетрин Мајорга го обвини Португалецот дека ја силувал во 2009 година во хотелска соба во Лас Вегас, но една година подоцна тие постигнале договор без судска постапка. Наводно Роналдо и исплатил сума од 375.000 долари, но во 2018 година случајот повторно дојде на суд и барањата за оштета изнесуваа 25 милиони долари.
Адвокатите на Мајорга сакаат судот повторно да го отвори случајот. Тие бараат судот да го прифати договорот кој Мајорга го потпиша во 2010 година, тој договор и оневозможувал да изнесува детали. По потпишаниот договор, Мајорга примила уплата од Роналдо за која подоцна адвокатите тврдеа дека била прениска.