Роналдо постигнал гол против 78 различни клубови, но еден играч и понатаму е пред него

Фудбалерите на Јувентус синоќа на свој терен го совладаа Кротоне со 3:0, а уште еден фантастичен меч одигра Кристијано Роналдо.

Португалецот и оваа сезона е најдобар играч на „Старата дама“, а во синоќешниот натпревар успеа да постигне два гола.

Со тоа, Роналдо успеа да постигне погодок против секој клуб против кој настапил во Серија А. Исто така, по постигнувањето на двата погодоци против Кротоне, Роналдо дојде до импресивна бројка од 78 клубови во најсилните пет лиги во Европа против кои успеал барем еднаш да постигне погодок, што е навистина импресивно.

Сепак, треба да се истакне дека Роналдо не е најдобар во тој сегмент. Португалецот го држи второто место на оваа листа, бидејќи пред него е само еден играч. Станува збор за Златан Ибрахимовиќ кој во својата кариера успеал да постигне гол против 79 различни тимови од најсилните пет лиги во Европа.