Роналдо нема да игра, но има коментар на одлуката на Сари

Јувентус утре гостува на Аталанта во новото коло од Серија А, а изненадување е тоа што во екипата ќе го нема Кристијано Роналдо.

Тоа е неочекувано за многумина ако се знае дека играше за португалската репрезентација и делуваше сосема здрав. Маурицио Сари тврди дека тој не е подготвен за натпреварот во што некои видоа продолжение на нивната војна која почна пред репрезентативната пауза. Роналдо се огласи преку Инстаграм и објасни некои работи.

„Фокусиран сум на заздравувањето и што побрзото враќање“, порача португалскиот фудбалер.

Ова ќе биде трет натпревар што ќе го пропушти оваа сезона. Досега не блескаше, на одиграните девет меча постигна само пет гола од кои два од пенал и сите против екипи од седмата позиција надолу.