Роналдо мора да ги намали апетитите ако сака да го напушти Јувентус

Кристијано Роналдо одлуката за останување во Јувентус ќе ја донесе по завршувањето на Европското првенство.

Португалската ѕвезда не е во плановите на новиот тренер Масимилијано Алегри, а се повеќе се зборува за неговото заминување.

Интерес за 36-годишната sвезда има и од други клубови, но она што е голем проблем е платата што ја посакува Роналдо.

Во моментов заработува дури 31 милиони евра годишно во Јувентус. Ниту еден тим со кој се поврзува (ПСЖ и Манчестер Јунајтед) не сака да му даде толку многу пари и ќе мора да ги намали барањата доколку сака да си замине.

Очигледно желбата да замине веќе постои затоа што Алегри нема намера да гради тим околу Роналдо, туку околу Пол Дибала и тоа е клучната работа што може да го наведе Кристијано да го напушти Торино.