Роналдо го склопи неговиот идеален тим, го стави Меси, но не и Кристијано

Еден од најдобрите напаѓачи на сите времиња Назарио да Лима Роналдо го одреди својот идеален тим на сите времиња, а изненади со изборот на фудбалери.

На списокот на Бразилецот има двајца Аргентинци, Диего Марадона и Лионел Меси, но го нема Кристијано Роналдо кој за себе мисли дека е најдобар што некогаш играл фудбал. Во нападот, покрај себе и Меси, Назарио да Лима ги стави и своите сонародници Роналдињо со кого во 2002 година ја освои титулата на Светското првенство во Јапонија и Јужна Кореја и трикратниот светски шампион Пеле.

За Кристијано Роналдо има место на клупата на тимот на Назарио да Лима, каде би биле уште Гаринча, Ривалдо и уште неколку други фудбалери. Во неговиот идеален тим се уште: Буфон на голот, Кафу, Малдини, Бекенбауер и Роберто Карло во одбраната и Марадона и Зико во средината.