„Роналдо е виновен за лошата сезона на Јунајтед“

Легендарниот фудбалер на Ливерпул, Џон Барнс се осврна на резултатите на Манчестер Јунајтед во сезоната што неодамна заврши и за лошиот пласман на тимот го обвини лично Кристијано Роналдо.

Португалецот заврши како убедливо најдобар стрелец во екипата, се бореше и за Златната копачка во Премиер лигата, но не само што не го донесе тимот во борба за титулата, туку Јунајтед нема да игра ни во Лигата на шампионите претстојната сезона.

„Роналдо предизвика неединство и дисхармонија во екипата. Кога топката не оди кон него, тој ги крева рацете во вис… тоа не е спортски, ни колегијално. Такви работи не прави лидер во екипата, туку човек кој е загрижен само за себе.

Освен тоа, успеа да ги исфрли од ритам другите фудбалери. Рашфорд ќе имаше подобра сезона, Фернандес ќе имаше подобра сезона, Санчо ќе имаше подобра сезона. Кој и да донесе одлука за трансфер за Роналдо, виновен е за она што се случи.

Дали Јунајтед ќе беше подобар тим без Роналдо. Јас мислам дека ќе беше. Мислите дека ќе биде подобар ако Роналдо остане и идната сезона? Нема шанси“, смета Барнс.

Роналдо има договор на уште една сезона, за него нема многу заинтересирани клубови и најверојатно, по 19 години, нема да игра во Лигата на шампионите.