Роналдо е како деспот дома: Георгина едвај чека да излезе за да се најаде

Партнерката на Кристијано Роналдо, Георгиена Родригес откри интересни детали од нивниот заеднички живот од кој имаат едно дете, а наскоро ќе добијат уште две.

Меѓу другото, интересен е делот кој зборува за исхраната на Португалецот, тема која неодамна ја начнаа и неговите тимски колеги од Манчестер Јунајтед.

„Имаме дома готвач, но понекогаш готвам јас. Кога го нема него, си дозволуваме себеси некои оброци кои тој не ги сака или не ги консумира. Навистина, знае да изеде пица, но само еднаш неделно и потоа прави многу стомачни вежби.

Сакам да го изненедам со она што му се допаѓа, но факт е дека кога тој не е дома, сите можеме да се најадеме. Некогаш едвај чекаме да излезе“, откри Георгина.

Правилната исхрана му овозможи на Роналдо на речиси 37 години се уште да се наоѓа во фантастична форма и да игра речиси како во најдобрите денови.