Романсата е завршена: Милан си заминува од Сан Сиро

Газета дело Спорт објави дека Милан тргнува со изградба на нов стадион, односно дека повеќе нема да го дели „Сан Сиро“ со градскиот ривал Интер.

Милан дефинитивно го напушта стадионот, а за сопствени потреби ќе градат свој стадион повторно со голем капацитет.

Големата романса помеѓу Милан и Сан Сиро е готова. Ќе останат само убав спомени, но Милан оди во друг правец и тоа без Интер. Клубот успеа да се врати во врвот на италијанскиот фудбал со освојување на титулата минатата сезона, а сопствениците сакаат тие да се вратат и на европскиот врв“, пишува Газета денеска.

Како стои во истиот медиум, Милан ќе ангажира за новиот проект стручнаци од Њујорк кои ќе работат макотрпно за изградбата на новиот стадион.

Сан Сиро е домот на Милан од 1926 година, а првобитниот капацитет беше 30 000, за по Мундијалот 1990 година, да решат да го зголемат на 75.817 места за навивачите.