Рома победи во првото коло – Мурињо направи несекојдневен потег по натпреварот

Жозе Мурињо одлучил да ги почасти своите фудбалери и членови на стручниот штаб по победата во првото коло од новата сезона во Серија А против Салернитана.

„Волчицата“ успеа да дојде до побдата со голот на Кристанте, а харизматичниот португалски стратег, тоа знаеше да го одбележи, па по натпреварот им купил 60 пици и на тој начин им покажал колку му значи што позитивно ја отвараат сезоната.

Рома која минатата сезона го освои трофејот во Лигата на конференции, се засили ова лето со неколку играчи и сезонава им предвидуваат дека ќе бидат во топ4, па и во борба за Скудетото.

До крајот на трансфер периодот, желбата на тимот од Рим е да го доведат Андреа Белоти, доскорашниот капитен на Торино.

Тој трансфер би се реализирал само ако го продадат Елдор Шомуродов.