Рохо со изјавата за Ибахимовиќ од времето во Јунајтед привлече големо внимание

Аргентинецот Маркос Рохо кој изминатата зима од Манчетер Јунајтед се врати на позајмица во родната држава неоечкувано е најде во центарот на медиумското внимание.

Причината е интервју во кое зборуваше и за својот некогаше соиграч од деновите на „Олд Трафорд“, Златан Ибрахимовиќ.

Аргентинецот сподели интереен момен за Ибрахимовиќ кој досега на пошироката јавност не и беше познат.

„Се сеќавам, имавме пријателски натпревар со Галатасарај во Шведска. Тој само што пристигна во клубо беше стартер. По само неколку минути постигна атрактивен гол, но противникот потоа доминираше и замина на пауза со предност. Па кога на полувреме влеговме во соблекувалната, тој удираше по што ќе стигне, се дереше и ги навредуваше дефанзивците. Бараше да излезат напред, да не се бранат толку длабоко. Само два дена беше дел од клубот, а веќе беше газда во соблекувалната“ – вели Рохо