Родик верува дека знае каква ќе биде реакцијата на Надал доколку Ѓоковиќ не е дел од АО

Неизвесноста околу настапот на Новак Ѓоковиќ на Австралија Опен ќе биде веројатно присутна до самиот почеток на турнирот.

Светскиот број 1 се уште не се изјаснил дали ќе патува на првиот гренд слем турнир за 2022 година, односно дали ќе му биде дозволен влез во Австралија, доколку не е вакциниран.

Енди Родик смета дека доколку Ѓоковиќ не биде дел од АО, тоа ќе биде голем поттик за Рафаел Надал да направи фантастичен резултат таму.

Никој не знае што ќе се случи во Австралија, не знаеме дали Ѓоковиќ ќе биде дел од турнирот. Ако не биде таму, тоа е шанса за Медведев, за Зверев, на Рафаел Надал ќе му дојде вода на уста бидејки ќе има шанса за трофејот 21“.

„Тука веќе има некоја нова генерација која чека на смена, големата тројка е се уште тука, но не се знае до кога ќе имаат трајност, полека но сигурно, гледаме процес на транзиција“, истакна Енди Родик.