Роберто Карлос селектор на Косово?!

Репрезентацијата на Косово остана без селектор, а според информациите на тамошните медиуми, едно од најсериозните имиња за нов селектор е ни повеќе ни помалку, туку Роберто Карлос.

Во косовските медиуми се тврди дека постојат преговори на двете страни и дека тие добро напредуваат.

Последниот ангажман за Роберто Карлос како тренер беше во 2015 година, кога беше тренер на Делхи Динамус, клуб од Индија.

Бразилецот иако нема големо искуство како тренер, сепак има големо име зад себе со кое може да придонесе во неговата понатамошна кариера.

Косово е во групата Б на последното место со само 4 бода. Лидер во таа група е Шведска.