РК Шампион деновиве повторно се враќа онаму каде што започна

Од Ракометниот клуб Шампион излегоа со соопштение во кое се вели:

-Ракометниот клуб Шампион од Скопје кој постои 18 години деновиве повторно ќе започне со тренинзи онаму каде што и започна во спортската сала при основното училиште Лазо Трповски општина Карпош, а се надеваат и во неколку други основни училишта во општината.

Поради пандемијата имавме прекин од една година во овие сали но сепак на престанавме  и тренинзите се одвиваа во салата при домот за деца без родители 11 Октомври во Капиштец на улица Васил Ѓоргов бр. 25.

Нашиот клуб се натпреварува во сениорска конкуренција во прва машка лига и супер женска лига. Покрај екипните тренинзи имаме и индивидуални тренинзи.