Екипата на ракометниот клуб Куманово во финишот на сезоната ќе биде дополнителна засилена со нов интернационалец.
Истото треба да му помогне на клубот да ја постигне својата цел, а тоа е опстанок во Супер лигата.
Станува збор за Немања Ѓурашковиќ кој е искусен 22-годишен црногорски ракометар висок 190цм.
Тој потекнува од Беране и има настапувано за РК Беране, РК Рудар, РК Хапоел Ришон Лезион од Израел и ЛХЦ Котбус од Германија од кој што доаѓа во нашиот клуб, освен клубско тој има и репрезентативно искуство како член на сите младински селекции на Црна Гора.