Екипата на РК Бутел одново е во тага, а причината е загубата на свој поранешн член. Македонскиот клуб во годините наназад се соочи со низа трагедија кои како да не беа доволни, па денес пристигна уште една тажна вест.
Имено на 40 годишна возраст по долго и тешко боледување починал рускиот ракометар Алексеј Григорјев кој македонската јавност го запозна преку настапите во дресот на Бутел во сезоната 2018/2019 година.
Григорјев имаше богата интернационална кариера играјки за, Мешкков Брест (Белорусија) Мотор Запорожје (Украина), Санкт Петербург (Русија), унгарските Балатонфуреди и Мезоковешди, романската Потаиса Турда, израелскиот Макаби Ашдод и во турската Селка Ескисехир.
За потсетвање Бутел во изминатите неколку години поради смрт загуби неколку свои ракометари. Прво тоа беше младото 20- годишно крило Марко Божиновски кое почина во сон, а потоа и хрватскиот централен бек Денис Тот кој беше претепан во Градски парк, а потоа им подлегна на повредите во болница.