Ризично се живее во боксовите: Како Норис за малку не „собра“ еден од работниците

Двократниот Ф1 шампион Макс Верстапен, победи на тракта за ГН на Мајами која се оддржа деновиве.

Но не беше тоа главната приказна на ова Гран при, бидејки во еден омомент во боксовите, можеше да се случи голема трагедија со несогледливи последици.

Имено, Британецот Ландо Норис, кој вози за тимот на Мекларен, при едно влегување во боксот, за малку ќе собереше еден човек кој буквално парадираше пред боксовите.

Инцидентот можеше да биде од несогледливи размери, бидејки иако и во боксот, таму има опасни брзини кои можат да создадат сериозни повреди кај луѓето од боксовите. Додека Ландо Норис влегуваше низ боксот, веројатно за неполн метар беше далеку од еден од работниците во тимовите.