Ривали, тенисери, пријатели, џентлмени: Федекс му испрати порака на Надал

Рафаел Надал вчера испиша историја со тоа што го освои 13 трофеј на Ролан Гарос, вкупно 20-та Гренд слем титула во кариерата, по која се изедначи со Роџер Федерер, кој до вчера беше најтрофеен.

Но дека тоа не се само спортисти, туку пријатели и големи фер плеј мајстори, Федерер се погрижи да ја импресионира неутралната публика и да му честита на Надал за неверојатното остварување.

Секогаш сум имал огромна почит за мојот пријател Рафаел како човек и како шампион. Тој е мој ривал многу години, па верувам дека со неговите игри тој ги притискаше сите да станат подобри играчи. Поради тоа ми е мило да му честитам на освојување на 20-та титула. Посебно е неверојатно дека досега го има освоено 13 пати Ролан Гарос, тоа е нешто најголемо во спортот. Им честитам и на неговите луѓе во стручниот штаб, бидејки ова никој неможе сам да го направи. Се надевам дека 20-та е само уште еден чекор во нашето продолжување на патувањето. Секоја чест, Рафа, заслужи“, порача Федерер.

Надал беше апсолутен фаворит на Ролан Гарос против Ѓоковиќ, што и се покажа на дело, а доминацијата на шпанскиот тенисер најдобро ја почувствува српскиот ас кој призна дека не бил на потребното ниво во ова финале.