Ривали, но и големи пријатели: Надал го посакува повторно оној стариот Федерер

Шпанскиот тенисер смета дека за доброто на тенисот е повторно публиката да го види оној стар добар Роџер Федерер.

Познато е дека освен големи ривали на терен, тие надвор од него се големи пријатели, а зборовите на тенисерот од Мајорка токму тоа го сведочат.

Федерер е тенисер кој што не треба ништо да докажува, тој кога е здрав, игра на врвно ниво. Доколку се опорави наскоро, сакам да верувам дека ќе го видиме вистинскиот Роџер Федерер“.

„Мојот одговор би бил да доколку ме прашате дали сакам тој повторно да освојувам Грен слем трофеи. За доброто на тенисот би било Федерер да се врати во духот на ривалството. Тој е одличен тенисер“, смета Рафа Надал.