Ристовски: Нашата цел беше остварена, ова е еден нов Вардар

Сигурно дека е разочарување загубеното финале во СЕХА лигата, но Вардар мора да продолжи напред.

Веспрем вечерва беше далеку подобрата екипа во финалети и заслужено слави трофеј во СЕХА Газпром лигата. Поразот на Вардар беше убедлив (27:35).

По натпреварот, Борко Ристовски ги даде своите анализи и оценки за сработеното досега:

Нашата цел уште пред Ф4 беше да дојдеме до финале, тоа го остваривме. Ова е еден нов Вардар, со нови играчи, и сепак, успеавме да дојдеме до финале. Останува сега на нас да работиме и полека да ја подигаме формата, подобро да работиме и да се подготвиме за понатаму“, истакна Ристовски.