Откако пред неколку дена доби четиригодишна суспензија за настап во олимписки спорт, поранешниот репрезентативен голман денеска најави тужба против МОК на Меѓународниот суд за спорт во Лозана.
Веднаш потоа се огласи претседателот на МОК, Даниел Димевски одговори на интересен начин кој го пренесуваме во целост:
Личен став на Даниел Димевски
Реторички прашалник
1. Дали знаете човек за кого Борко кажал добар збор?
А) Нема таков
Б) Ниеден
В) Не се сеќавам
2. Колку пати треба да му биде дозволено на Борко да навредува, клевети и се заканува на се и секого:
А) 3 пати
Б) 10 пати
В) Безброј пати
3. Сите Вие истакнати спортисти, спортски легенди, Претседатели на спортски федерации итн..:
А) Го одобрувате поведението на Борко
Б) Не го одобрувате
В) Го осудувате
4. Дали би се однесувал Борко исто да немаше политичка поддршка и дали нешто кажал пред да почне политичка агенда?
А) Немал став
Б) Мудро си ќутел
В) Не се сеќавам дека нешто кажал
5. Прашање за политичарите (минати, сегашни, идни) Дали ќе го унапредите спортот со:
А) Навреди
Б) Клевети
В) Закани
Искрените одговори на секој сам пред себе ќе му помогне да изгради свој личен став на оваа тема која не е пријатна за никого, но е корисна за влечење поуки и заклучоци.