Ристовски брутално навредуван и плукан поради трансферот во Динамо Загреб

Стефан Ристовски кој од неодамна е играч на Динамо Загреб, во последното свое интервју за „Спортске“, открива дека се соочувал со критики, па и навреди од навивачи на Ријека, бидејки тој во минатото настапуваше во тој клуб.

Ристовски допрва треба да го покаже својот потенцијал и форма, но тоа откако ќе се стабилизира во новиот клуб и првенство.

Досега е се одлично, ги познавам повеќето играчи, посебно од НХЛ лигата. Во два натпревари остваривме две победи и верувам дека така и ќе продолжиме. Што се однесува до мојот личен впечаток за соиграчите, сметам дека по долг период што не играв, многу е важно добро да се чувствувам. Жалам поради црвениот картон“.

„Црвените картони се дел од фудбалот, но среќен сум што победивме против Осијејк. Трите бодови се најважни на крајот од денот. Во Ријека имав убави моменти, го сакам тој клуб, бев дел од него во минатото. Ги почитувам луѓето таму, иако имаше некои непримерни работи. Луѓето нека сфатат како сакаат, но на тој период се уште со задоволство се присеќам, можеби и најдобар во мојата кариера, се надевам дека и во Динамо ќе имам такви моменти . Добивав навреди од навивачи на Ријека, но ништо лошо нема да кажам за тој клуб“, истакна Стефан Ристовски.