Ристо Магдинчев нов тренер на ГРК Тиквeш

Борбата за опстанок во натпреварувачката 2020/2021 година беше со интензивен карактер во кој ГРК ТИКВЕШ 2014 го покажа својот квалитет како успешен проект и тим кој знае да победува и да биде дел од елитното ракометно друштво.

Новата сезона со себе носи нови предизвици, но клубот со полна пареа работи и се среми кон новите предизвици и победи особено на домашен терен пред полна сала Јасмин со целиот нејзин сјај и капацитет.

ГРК Тиквеш 2014 веќе на 29ти Јули искусниот тренер Ристо Магдинчев ќе го направи првиот тренинг состанок на кои ќе се појават играчите од претходната натпреварувачка сезона, но и нови 5 ракометни имиња.

„Уште претходната година имав позитивно мислење за целокупниот проект на ГРК Тиквеш 2014. Екипата има квалитетни поедици кои ги задржа и оваа година. Сметам дека станува збор за стабилен клуб во секој поглед. Од екипата очекувам максимална ангажираност, професионалност, дисциплина и фанатична борбеност“, изјави Ристо Магдинчев.

ГРК Тиквеш 2014 веќе има закажно планински припреми и потврдено присуство на 2 турнири, турнирот во Струга и турнирот во Прилеп. Во меѓувреме се потврдени и неколку пријателски натпревари.

„Тиквеш е клуб кој заслужува да биде долги години во Супер лига. Како еден од постарите и поискусните домашни играчи во клубот, а и играч кој има и ракометна кариера и надвор од Македонија можам слободно да кажам дека овој клуб од година во година напредува се повеќе и повеќе. Условите за тренинг се одлични, покрај главниот тренер со нас работат и дополнителни 3 помошни тренери како и доктор и физеотерапевт. Ефектите се покажаа и кај младите играчи, на пример пионерите беа на финалниот турнир во Струга. Новата сезона ќе ни донесе големи возбудувања, но знам дека ние ќе го прифатиме предизвикот и ќе имаме рамноправна борба со секој на терен“, изјави Јане Јанчев