Рико пристигна во Италија – утре следат тестирањата на Монца

Идниот месец, поточно на 7 и 8 ноември на Аутодромо ди Монца, се закажани последните две трки од Порше Карера ГТ3 Купот на Италија каде што вози нашиот Ристо Вуков Рико.

Во пресрет на завршницата од сезоната утре токму на култната патека Монца ќе се одржи тестирање на кое автомобилистите ќе ги имаат финалните подготовки за последниот предизвик сезонава.

Нашиот Рико веќе е во Италија каде што пристигна денес и веќе утре со почеток од 9 часот го очекува повторна средба со своето Порше Карера возило на најбрзата патека во календарот.

Како што напомена Рико, токму на Монца се очекува да бидат развиени најголемите брзини сезонава, поточно над 280 километри на час.

Редакцијата на Спортклуб дозволува превзeмање на овој текст.