Рико имаше успешна трка во Мизано – од последната до 8-та позиција

Стартувајки од последната позиција на патеката „Марко Симончели“ во Мизано, македонскиот возач Ристо Вуков – Рико, на крајот заврши на осмата позиција.

Рико имаше полни раце работа поради тоа што сите автомобили беа пред него, а во негова полза одеа и неколкуте инциденти на патеката и безбедоносното возило кое излегуваше, па од таа тркачка лотарија тој профитираше на крајот.

По одржаната трка во Мизано, следен предизвик во натпреварувањето каде вози Рико, ќе биде на култната патека Монца.