Рико ги комплетираше квалификациите во Мисано на стазата „Марко Симончели“

Како што беше претходно најавено, денес во Мисано на стазата „Марко Симончели“ се возеа квалификациите во рамки на втората трка од сезоната во Порше Карера ГТ3 Купот на Италија.

Започнаа од 11:30 часот, па до 12:00 часот на програмата беше ПК1, како и ПК2 од 12:05 до 12:15 часот.

Нашиот автомобилист Ристо Вуков Рико денешните квалификации ги заврши на 14-то место во конкуренција на 23 автомобили, со време од 1:37.297 , односно со заостанување од 1.8 секунди зад првопласираниот.

Рико денес беше оневозможен да дојде до подобар време и воедно повисок пласман со оглед на големата гужва на патеката и автомобилите кои исфрлаа многу камења на патеката. Речиси пет минути на стазата имаше жолто или црвено знаменце.

Првата трка, на програмата е вечерва и ќе биде ноќна под рефлектори. Се вози со почеток од 22:00 часот, додека втората е на програмата во недела со почеток од 12: 50 часот. Двете трки ќе бидат пренесувани во живо на МРТ3.

Редакцијата на „Спортклуб“ дозволува превземање на овој текст.