Австралиецот Даниел Рикиардо ќе биде третиот возач на тимот на Ред Бул во Формула 1 шампионатот следната сезона, соопшти денеска австрискиот тим.
На крајот на сезоната Рикиардо го напушти Мекларен, на кој му се придружува неговиот сонародник Оскар Пјастри.
Тој веќе возеше за Ред Бул во периодот од 2014 до 2018 година, а овојпат ќе им помогне на актуелните шампиони во конструкторскиот шампионат во тестирањето, работата на симулаторот и комерцијалните активности.
„Насмевката кажува се. Навистина сум возбуден што ќе се вратам дома како трет возач за 2023 година. Веќе имам толку многу прекрасни спомени од моето време овде, но добредојде од Кристијан (Хорнер), д-р Марк (Хелмут) и целиот тим навистина го ценам“, изјави 33-годишниот возач.
Рикардо во својата досегашна кариера забележа осум победи во Формула 1, од кои последната ја оствари минатата година во Монца. Првиот состав на тимот на Ред Бул го сочинуваат двократниот последователен светски шампион Макс Верстапен и Мексиканецот Серхио Перез.