РФМ со известување до сите клубови околу ситуацијата поради КОВИД19

Ракометната федерација на Македонија, денеска излезе во јавноста со соопштение до јавноста и клубовите.

Во неопределен период, првенствата остануваат замрзнати, односно не се знае кога ќе бидат продолжени по пандемијата.

Почитувани,

Ве известуваме дека Раководството на Ракометната Федерација на Македонија донесе одлука за прекин на неодредено време на националното ракометно првенство во Супер и Прва машка ракометна лига, натпреварите од Женската ракометна лига, како и сите натпревари во младинските категории.

Одлуката е донесена согласно препораките од страна на Министерството за здравство за превенција од вирусот COVID – 19 и согласно уредбите од Владата на Република Северна Македонија за превенција од вирусот COVID – 19.

Ракометната Федерација на Македонија ќе ја следи состојбата и навремено ќе ги извести сите засегнати доколку се создадат услови за продолжување на активностите во рамките на РФМ.

Со почит,
Ракометна Федерација на Македонија