Ракометната федерација на Македонија (РФМ) вечерва на гала свеченост во Скопје ги прогласи најдобрите за минатата натпреварувачка сезона, доделувајќи ги признанијата за најдобра ракометарка на Катерина Дамјаноска од ЖРК Ѓорче Петров и за најдобар ракометар на Филип Кузмановски од Еурофарм Пелистер.
Во гласањето на навивачите на официјалната Фејсбук страница на РФМ, признанијата во двете категории ги понесоа Теодора Гулицоска и Никола Митревски.
За најдобар тренер во машка конкуренција е избран селекторот Кирил Лазаров, а во женска признанието му беше врачено на шефот на стручниот штаб на шампионот ЖРК Ѓорче Петров, Симе Симовски.
Награда за особен придонес во ракометот постхумно му беше доделена на поранешниот селектор Илија Темелковски.
„Ракометари на годината 2025“ – лауреати:
најдобра ракометарка – Катерина Дамјаноска
најдобар ракометар – Филип Кузмановски
најдобар тренер мажи – Кирил Лазаров
најдобар тренер жени – Симе Симовски
најдобра млада ракометарка – Марија Јанкуловска
најдобар млад ракометар – Димитар Узунчев
најдобра ракометарка во Македонија од странство – Ана Вранчиќ
најдобар ракометар во Македонија од странство – Дмитро Горига
најдобар судиски пар – Славе Николов и Ѓорѓи Начевски
најдобар стрелец мажи – Давид Димевски
најдобар стрелец жени – Марија Анчева
најдобра ракометарка (социјални мрежи) – Теодора Гулицоска
најдобар ракометар (социјални мрежи) – Никола Митревски
награда за особен придонес (постхумно) – Илија Темелковски.
ФОТО: РФМ
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА: