РФМ доби ваучери од 22 милиона денари, за ФФМ нема ништо!

Агенцијата за млади и спорт ја објави годишната листа на добитници на ваучери за 2020 година од програмата за спорт.

Боде очи тоа што нема ниеден предвиден денар за Фудбалската федерација на Македонија за која имаше забелешки на начинот на кој е избрано актуелното раководство. Затоа, РФМ доби ваучер во износ од 370 илјади евра, а КФСМ од 270 илјади.

По клубови, најмногу доби европскиот шампион РК Вардар – 21,8 милиони денари. Зад него е МЗТ Скопје со 15,8 милиони и КК Работнички и РК Металург со по 13,9 милиони. Шампионот во фудбалска конкуренција Шкендија е зад нив со 11,5 милиони денари.