Револуција во Барселона – седум фудбалери на трансфер листа, 14 слободни да си одат

Каталонскиот весник Ел Мундо Депортиво најавува големи промени во Барселона во текот на летото.

Наводно, раководството на клубот им порачал на 14 фудбалери дека можат да си бараат нова средина, а дури седум од нив сигурно ќе бидат продадени. На излезна врата од Камп Ноу се: Пјаниќ, Нето, Умтити, Фирпо, Фернандес, Кутињо и Брејтвејт, а понуди ќе се разгледуваат и за оние кои во моментов се на позајмица во други клубови.

Засега се договорени двајца нови фудбалери: Ерик Гарсија и Серхио Агуеро од Манчестер Сити, а Мемфис Депај и Џиџи Вајналдум ќе дојдат само ако Куман остане тренер.