Реваншизам: Ако не може Црвена Звезда во Грачаница, тогаш и Косово не може во Нови Сад

766

Србија и Косово не само што водат „војна“ на политичка база, туку стануваат жестоки ривали и на поле на спортот.

Откако властите во Косово не дозволија фудбалскишт шампион на Србија, Црвена Звезда да гостува на пријателски натпревар во Грачаница, стигна реванш и од нашиот северен сосед.

Србите денес на косовската карате репрезентација и забранија влез на нивна територија и со тоа ги оневозможија да заминат во Нови Сад на Европското првенство.

„Се појавија на административниот премин со знамиња обележја и симболи и тоа истите оние луѓе кои пред неколку дена оневозможија ФК Црвена Звезда која не е репрезентација, туку група на спортисти, да замине на хуманитарен натпревар во Грачаница. А сега истите тие со ознаки на лажната држава и како лажна репрезентација да учествуваат на ЕП“, изјави Марко Ѓуриќ, директорот на канцеларијата за Косово и Метохија.