Репрезентацијата на собир, во Битола ќе се игра пред полна сала

Македонската ракометна репрезентација во четврток почнува нов циклус квалификации за Европското првенство 2020 година. Нашите ракометари се во група со Турција, Грција и со Исланд. Попладнево селекторот Раул Гонзалез ќе ја има првата прозивка, а подоцна и ќе се одработи првиот тренинг. Репрезентацијата во Скопје ќе биде до утре, а потоа во среда патува за Битола каде и во четврток ќе се игра првиот дуел со Турција.

Според најавите Раул попладнево нема да може да смета само на Филип Талески, кој вчера имаше натпревар во Бундес лигата и ќе се приклучи подоцна.

Што се однесува до градот домаќин Битола по неколку години повторно ќе биде место каде нашаите ракометари ќе играат еден официјален натпревар. Најавите се дека слата „Боро Чурлевски“ ќе биде исполнета до последното место и дека нашите играчи ќе имаат максимална поддршка. Цената на влезниците за дуелот е 150 денари.

По натпреварот со Турција, Македонија ќе и гостува на Грција, а тој натпревар се игра во недела во Кожани.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Франција извлече ас од ракавот – Карабатиќ од утре на теренот!

Душебајев: Добро знам која е Македонија – сите си мислат ќе биде лесно, ама нема да е така

ВИДЕО: Како беше пред две години против Шпанија: Еуфорија, цепелини… но немаше резултат на крај!

Голема вест од Македонија за Гоце Георгиевски во Германија

Горгиевски: Почетокот на СП е очекуван и според планот

Вечерва правдата на Македонија против Шпанија ќе ја дели Салах

Кире Лазаров: Кај секој поединец од нас треба да проработи инатот

Србија со деби триумф на Мундијалот – соседите мораа да прават пресврт против Кореја

ФОТО: Ивано Балиќ со една реченица предизвика еуфорија – Хрватите помислија дека прави кам-бек!