Рекордите во групната фаза на ЕП во Германија 

По 13 дена и 36 натпревари, заврши групната фаза на Евро 2024, а се започна со одличната и ефикасна победа на Германија над Шкотска со 5:1 во воведниот натпревар и продолжи со многу автоголови, голови постигнати во судиското надополнуање и многу соборени рекорди.

Еве дел од постигнувањата кои беа забележани во групите на ЕП 2024:

– Најмладиот играч

Тинејџерот Ламин Јамал започна на отворањето на Шпанија против Хрватска (победа со 3:0) на возраст од 16 години и 338 дена. Така, тој го подобри постигнувањето на Полјакот Кацпер Козловски, кој на ЕП 2020 играше против Шпанија со 17 години и 246 дена. Јамал дури и асистираше за еден од головите, но во деновите меѓу натпреварите мораше да седи зад компјутерот на онлајн часовите, бидејќи се уште е ученик, а учебната година во Шпанија не е завршена.

– Најмладиот тренер

Јулијан Нагелсман ја предводеше Германија до убедлива победа над Шкотска на првиот ден кога имаше 36 години и 327 дена. Така тој за само шест дена го подобри рекордот на поранешниот словенечки селектор Сречко Катанец од ЕП 2000 година.

– Најмладиот капитен

Доминик Собослај беше капитен на Унгарија против Швајцарија на 23 години и 243 дена, соборувајќи го рекордот кој стоеше повеќе од 35 години. На Евро 1988, Џузепе Бергоми беше капитен на Италија против Германија на 24 години и 171 ден.

– Најстар стрелец

Лука Модриќ уште еднаш докажа дека класата не препознава години. Тој беше многу блиску до пласман на Хрватска во осминафиналето откако постигна гол против Италија на 38 години и 289 дена, со што го подобри рекордот на Австриецот Ивица Власиќ.

– Најстар играч

Португалскиот централен бек Пепе е речиси 25 години постар од Ламине Јамал, но е солиден стартер во срцето на одбраната на Португалија. На натпреварот против Чешка, поранешниот играч на Реал Мадрид имаше точно 41 година и 117 дена, со што го надмина рекордот на унгарскиот голман Габор Кирали за повеќе од една година.

– Најмногу настапи на Европски прванства

Кристијано Роналдо учествува на своето шесто Европско првенство. Не успеа да постигне гол во групната фаза, но доколку постигне гол во осминафиналето, ќе го собори и рекордот на Модриќ како најстар стрелец.

– Најбрзиот гол

Албанецот Недим Бајрами ја шокираше Италија во 23. секунда од натпреварот меѓу двете селекции. Претходниот најбрз гол беше Русинот Дмитриј Кириченко против Грција на ЕП 2004 (1 минута и 7 секунди).

 

Други интересни моменти од групната фаза на Евро 2024:

– Франциско Консеисао и ја донесе победата на Португалија над Чешка со гол во продолжението од мечот, 24 години откако неговиот татко Серхио Консеисао постигна гол на Евро 2000. Тоа е само втор пар татко-син да постигнале гол на европските првенства. Првиот е Енрико Киеза (1996) и Федерико Киеза (2000).

– Англискиот играч за врска Џуд Белингем стана најмладиот играч кој играл на две европски првенства. Ѕвездата на Реал Мадрид има 20 години и 353 дена.

– Турскиот талент Арда Ѓулер го собори рекордот на Роналдо како најмлад играч кој постигнал гол во своето деби на европското финале. Фудбалерот на Реал Мадрид постигна гол против Грузија на 19 години и 114 дена.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО