Ред Бул пресече – Макс Верстапен има нов колега

Летната пауза во Формула 1 ќе трае три недели, а сигурно дека ќе се случат извесни промени.

Иако тимовите имаат пауза, јасно е дека работат со полна пареа со цел да ги подобрат своите болиди за остатокот од сезоната.

Следната трка се вози во Италија, на култната патека Монца, патека која се смета за домашна на Ферари.

Но денеска информираа од Ред Бул дека ги менуваат возачите, односно дека во болидот на Пјер Гасли, од следната трка ќе седне Алекс Албон, кој досега возеше за Торо Росо, сестринскиот тим на Ред Бул.

Гасли дојде како замена за Рикиардо, кој премина во Рено Бенетон, а нивната одлука денеска да го именуваат Албон за замена на Гасли, ги изненади сите.

Што се однесува до Гасли, тој до крајот на сезоната ќе вози за Торо Росо, бидејки во Ред Бул се разочарани од неговите резултати, тој не е ни приближно блиску до Макс Верстапен.