Ред Бул дава крилја: Пред 11 години формиран, денес полуфиналист во ЛШ!

Еден од најомразените клубови во Германија, првпат во својата кратка историја ќе биде полуфиналист во Лигата на шампионите.

Оваа сезона Лајпциг дебитираше во елитното натпреварување, но иако нема титула во Бундеслигата, ќе продолжи да се бори за трофејот во ЛШ. Интересно е тоа што клубот е формиран во 2009 година, Германците не го сметаат за свој бидејќи го немаше нормалниот пат во својот развој, како сите во Бундеслигата, а и затоа што на почетокот немаше своја вистинска армија навивачи. Со моќен спонзор, многу брзо се вивна во облаците, не само што влезе во елитната дивизија, туку минатата и оваа сезона долго време му беше конкурент на Баерн за шампионската титула.

Во современиот фудбал, ниеден клуб не успеал толку брзо да стигне до полуфинале во Лигата на шампионите. На дело излезе моќната порака на сопственикот дека Ред Бул дава крилја. Меѓу другото, Лајпциг е прв дебитант, по Виљареал во 2006 година, кој изборил место меѓу четирите најдобри во Европа.