Речиси 1.000 тестирани во Премиер лигата, два позитивни случаи

Англиската Премиер лига објави дека по втората рунда тестирања позитивни на новиот коронавирус се само две лица, а вупно се тестирани 996 лица.

Тестирањата на играчите и членовите на сите 20 англиски премиерлигаши беа објавени во четвртокот на 21 мај и во петоккот на 22 мај.

За потсетување, по тестирањата на 17 и 18 мај се појавија шест позитивни тестови од вкупно 748 тестови меѓу вработените кај членовите на премиерлигашките клубови.

Како што е тоа праксата, Премиер лигата не сакаше да ги открива идентитетите на заразените лица.

Секој клуб во Премиер лигата во текот на неделата добива 100 теста. Од вторникот на клубовите им е дозволено да тренираат во помали групи, а целта е сезоната да заврши на 12 јуни.