Ребиќ открива интересен момент: Пред Милан, имав контакт со нивниот голем ривал!

Новиот фудбалер на Милан, Анте Ребиќ, потврди дека неговиот агент имал формални преговори и со Интер, пред да потпише со „Росонерите“.

Хрватскиот интернационалец се приклучи на Милан пред крајот на трансфер периодот, доаѓајки од Ајнтрахт Франкфурт, на двегодишна позајмица.

Се верува дека Милан според потпишаниот договор, ќе има право да го откупи неговиот договор во 2021 година, а неговата цена ќе биде 25 милиони евра.

Бобан беше првиот човек кој зборуваше со мене за евентуален трансфер во Милан. Тој беше доста важен за мене, ми даде и некои совети. Но, мојот агент имаше и преговори со Интер, но јас не зборував со нив. Еднаш кога дознав дека од Милан има интерес за мене, јас немав сомнежи дека сакав на Сан Сиро. Кога зборев и со мојот татко, и тој ми рече дека Милан е најдобрата опција за мене, затоа и го избрав Милан“, истакна Ребиќ.