Реал во незавидна ситуација, Крос е искрен: Ќе мораме да се браниме против Аталанта

Реал Мадрид се наоѓа во исклучително лоша ситуација, бидејќи тренерот Зинедин Зидан на првиот натпревар од осминафиналето од Лигата на шампионите против Аталанта патува со само 13 првотимци.

„Кралевите“ мака мачат со повреди сезонава, а првиот осминафинален натпревар од ЛШ меѓу Реал и Аталанта се игра утре во Бергамо. Со оглед на тоа во каква форма игра Аталанта и каква игра негува Гасперини, Реал Мадрид ќе има пеколна задача.

За тоа е свесен и Тони Крос, кој најави дека тој и неговите соиграчи ќе мораат да дадат максимум.

„Мораме да го рпавиме она што го правевме во последно време, без оглед на тоа што ни недостасуваат доста играчи. Тие кои се тука мораат да дадат се од себе“, изјави Крос и додаде:

„Секогаш се обидуваме да го контролираме натпреварот и да го задржиме поседот, но ќе се соочиме со екипа која игра поинаку. Тоа ќе биде комплициран натпревар, но тоа веќе го знаевме. Секој натпревар е како финале и Лигата на шампионите дури сега почнува. Нема да ни биде лесно да играме против екипа која игра добар фудбал и постојано напаѓа. Свесни сме дека ќе мораме да се браниме“.