Реал тера кампања против Мбапе: Не е најдобар на светот, нема ни ЛШ, ни „Златна топка“

Реал Мадрид е толку лут на Килијан Мбапе што веднаш по најавата за останување на Французинот во Пари Сен Жермен, „Кралевите“ започнаа своевидна кампања за да покажат дека крилниот напаѓач не е толку влијателен, иако „Кралскиот клуб“ една година се обидуваше да го доведе.

Кога не успеаја, започнаа со критики. Така, познатиот екс-играч за врска на Реал Хозе Марија Гутиерез Гути, распали по Мбапе, иако пред само два месеци јавно кажа дека на Реал му е потребен таков играч и дека мадриѓаните со нетрпение го чекаат.

Сега одеднаш забележува дека Мбапе навистина не го заслужува вниманието кое му беше дадено во изминатите неколку дена.

„Толку е познат што мислите дека е најдобриот фудбалер на светот. Но, не е! Килијан допрва треба да се докажува. Не е така во моментов. Колку години е во Париз? Колку пати ја освоил Лигата на шампионите? Колку Златни топки има? Можеби еден ден ќе биде најдобар на планетата, но сега не е“, истакна Гути.

Штом го избра ПСЖ пред Реал, тоа претставува удар за суетата на Мадрид. Иако, за некои забелешки, самиот Гути има право. Се што кажа е точно, само прашање е дали ќе го кажеше истото доколку Килијан му подадеше рака на Перез.

„Мбапе не е најдобар во светот. Во моментов тоа е Карим Бензема. Можеби ќе биде следната година, но кој може да гарантира? На крајот Винисиус Жуниор или Ерлинг Халанд ќе експлодираат. Мбапе повеќе ја претставува иднината, но сега не е на врвот. Тој е проектиран да биде најдобар, само за овие пет години во ПСЖ не го покажа тоа “, додаде Гути.