Реал смисли план со Јовиќ: Го пуштаат бесплатно, за подоцна да заработат од него

Лука Јовиќ скоро извесно повторно ќе го напушти Мадрид и ќе оди на позајмица, а по се што се пишува, тоа треба да се случи деновиве.

По три не така успешни сезони во кралскиот клуб, Јовиќ најверојатно го напушта Мадрид и се сели во Фиренца, во редовите на Фиорентина.

Реал во клаузулата на договорот со Фироентина, ако биде перманентен трансфер, става точка во која за следната продажба на Јокиќ, Реал би заработил 50% од трансфер цената, со што сепак би профитирал, а го пуштаат бидејки Фиорентина гарантира дека ќе ја покрива платата на играчот, со што во Реал отвараат сериозен простор во финансиите за друг играч.

Се ќе зависи од тоа дали Јовиќ ќе биде пратен на позајмица, со тоа што Фиорентина би ја плаќала 50% од неговата плата, или пак Фиорентина би го задржала Јовиќ бесплатно, а би имале обврска да ја исплаќаат целосната негова плата и за следниот трансфер, би морале да издвојат 50% од договорената трансфер сума.