Реал покажа големина: Марадона играше за Барса, но во Мадрид го испратија како крал

Реал Мадрид уште еднаш ја покажа својата големина во пресрет на натпреварот со Алавес.

Иако Диего Армандо Марадона играше за Барселона, во Реал одлучија да го испочитуваат легендарниот Аргентинец така како што заслужува.

Освен што на центарот од теренот ставија голем дрес на Марадона, во Реал наредија и неколку дресови на Аргентинецот на трибините.

Посебен впечаток остави дресот поставен на едно од столчињата покрај резервните играчи со што сака да се остави порака дека Ел Пибе е вечен.

Секако, сите дресови на Марадона беа од репрезентацијата на Аргентина, а не од Наполи или на најголемиот ривал Барселона.