Реал Мадрид своето ново засилување го праќа на позајмица?

Шпанските медиуми денеска пишуваат дека Реал Мадрид, своето ново засилување Лука Јовиќ, ќе го испрати до крајот на трансфер периодот некаде на позајмица.

Прв медиум кој ја проследи веста е Don Balon, а на кратко имаше нешто и во Мундо Депортиво, дека Јовиќ можеби ќе го напушти Реал оваа сезона.

Зидан инсистирал на тоа дека на Јовиќ му е потребно уште многу искуство, односно големи натпревари и константност во минутажата.

Репрезентавецот на Србија ова лето пристигна во Мадрид, доаѓајки од Ајнтрахт Франкфурт, во трансфер вреден 60 милиони евра.