Реал Мадрид му подготвува нов договор на Винициус Жуниор и откупната клаузила најверојатно ќе биде тешка една милијарда евра, нешто што своевремено го имаше Кристијано Роналдо во Мадрид.
Суперталентираниот бразилски фудбалер игра одлично сезонава, постигна неколку важни голови во Примера, а од Шпанија сега доаѓа веста дека Реал сака да го задржи овој играч на долго и дека подготвуваат нов договор со безобразно висока откупна клаузула.
Винициус во јули 2018 година пристигна во Мадрид од Фламенго, за сума од 45 милиони евра, која сега е далеку поголема од тоа колку Реал плати претходно.
Тековната сезона Винициус има зад себе 50 натпревари и има постигнато 20 голови со 21 асистенција, бројки кои се одлични за еден важен играч на Реал Мадрид.
Се верува дека Реал ќе го обезбеди неговиот потпис на договор до 2028 година и дека во тој договор Перез наредил да биде ставена откупна клаузула вредна една милијарда евра.