Реал Мадрид го собори светскиот трансфер рекорд!!!

Потписот на Ферлан Менди ја помина границата од 300 милиони евра на Реал Мадрид за засилувања во летниот преоден рок.

Со тоа е соборен клупскиот рекорд од 2009 година кога беа донесени Роналдо, Кака, Бензема, Чаби Алонсо…, а изнесуваше 254 милиони евра. Оттогаш пазарот полуде, цените се драстично зголемени, па поради тоа до моментов, со само пет играчи Реал потрошил 20% повеќе пари.

Но, она што е интересно е што Реал Мадрид го собори светскиот рекорд на трошење пари во јуни. Досега ги потпиша Родриго за 45 милиони евра (трансферот е договорен одамна, но се брои во овој преоден рок), Едер Милитато за 50 милиони, Лука Јовиќ за 60, Еден Азар за 100 и Ферлан Менди за 48 милиони евра.

Ако дојде Килијан Мбапе ова лето, сумата што Реал ја потрошил сигурно ќе достигне половина милијарда, ако не и 600 милиони евра.